По шест месеци карантин отворени угостителските објекти во Грција
По шест месеци пауза, поради карантинот, од денеска се отворени угостителските објекти во Грција, под посебни правила и протоколи, а полицискиот час ,пак, во таа земја започнува од 23, наместо од 22 часот.
Угостителските објекти работат само во надворешните делови, без музика, со ограничено работно време до 22.45 часот, забрането е стоење, дозволено е најмногу шест лица на една маса, а масите треба да бидат на растојание од 0.90 до 1.80 см, во зависност од поставеноста на столчињата.
Маската е задолжителна за персоналот, а постои силна препорака да ја користат и посетителите.
За вработените задолжителен е тест два пати седмично, а трошоците за еден од тестовите ќе ги покрива државата.
Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај
Од почетокот на пандемијата, во изминатите 15 месеци, угостителите во Грција беа затворени вкупно осум месеци, два за време на првиот и шест за време на вториот карантин.
Отворањето на угостителските објекти, не е крај на карантинот во земјата, воведен на 7 ноември 2020 година.
За одење на кафе/пијалак или во ресторан, граѓаните ќе треба да испратат смс порака, како што беше и во изминатите шест месеци во Грција.