Дигитализацијата на учебниците е неминовен, но скап процес
![Дигитализацијата на учебниците е неминовен, но скап процес](https://gdb.rferl.org/2363745b-4713-426d-8a4e-c8cec28f0dd1_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Важно е дигитализацијата да понуди креативна образована програма, а не да се дигитализираат постоечките учебници, вели професор Игор Неделковски од Битола. Треба да добиеме информација што ќе значи дигитален учебник. Ако се смета дека овие учебници што се печатат ќе се дистрибуираат електронски како ПДФ документи, тоа е пропадната иницијатива, вели професорот.