Нови 198 случаи на ковид 19, починале 12 лица
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа, соопшти Министерството за здравство. Биле тестирани 3108 луѓе.
Најголем број случаи се потврдени во Скопје – 76. Потоа следуваат Куманово со 25 случаи, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по еден случај.
Во болниците во Македонија има 806 ковид пациенти и над 800 слободни места
Пријавени се вкупно 12 починати лица. Сите 12 починале во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.