УНИЦЕФ бара од Г7 и ЕУ да донираат вакцини на сиромашните земји
Извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Фор побара од групата најразвиени земји во светот (Г7) и од Европската Унија да донираат вакцини против коронавирусот на механизмот Ковакс, за да им се помогне на посиромашните земји, кои се соочуваат со недостиг на вакцини.
Таа рече дека донирањето на вишок дози „е минимална, суштинска и итна мерка за запирање на јазот, и оти таа е неопходна токму сега“.
СЗО: Ковид 19 ја влоши нееднаквоста во здравството
Фор изјави дека Г7 и земјите од ЕУ можат да донираат околу 153 милиони дози доколку споделат само 20 проценти од нивната достапна понуда во текот на јуни, јули и август.
Таа истакна дека овие земји можат да го сторат тоа и сепак да ги исполнат и своите обврски за вакцинација кон сопственото население.