По промените во СДСМ, нема да има промени и во владата
Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на први септември не би требало да има измени.
Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт.
Лукаревска заменик претседател на СДСМ, нови потпретседатели Филипче и Битиќи
Во партиските раководни тела од вчера не е министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која од 2013 година беше заменик претседател на СДСМ, а речиси 30 години дел од партиското раководство. На позициите потпретседатели на партијата не останаа и генералниот секретар на владата Мухамед Зекири и директорот на Фондот за иновации Коста Петров.