Процес Брдо-Бриони: итни преговори на ЕУ со Скопје и Тирана
Лидерите на седум балкански земји денеска во Брдо кај Крањ во Словенија се сретнаа на состанок од процесот Брдо-Бриони. Усвоија и заедничка декларација во која се повикува Европската унија да ги забрза преговорите со земјите кандидатки за зачленување.