Во Индија нов црн рекорд на починати од коронавирусот
![Во Индија нов црн рекорд на починати од коронавирусот](https://gdb.rferl.org/05705f77-9923-429c-b646-be9816bfc6fe_w800_h450.jpg)
Во Индија и натаму се зголемува бројот на починати од последици од ковид-19. Во последните 24 часа се регистрирани 4529 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата од коронавирус порасна на повеќе од 283 илјади.
Според индиското министерство за здравство, во последните 24 часа се регистрирани нови 267 илјади заразени.
По САД, Индија е на второ место во светот по бројот на заразени, со повеќе од 25 милиони случаи.
Бројот на случаи неколку дена опаѓа, но стапката на смртност и натаму е голема, а болниците се преполни со пациенти. Сепак, според информациите од Индија, процесот на вакцинација се одвива се побавно.