Американскиот државен секретар во посета на Јордан
Државниот секретар на САД, Антони Блинкен пристигна во Јордан од Египет на последната точка од средно-источната турнеја, чија цел е да се обезбеди поддршка за примирјето меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа постигнато со посредство на Каиро и со кое завршија 11-дневните смртоносни воздушни напади.
Блинкен претходно се состана со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси кого го пофали за помагањето да се стави крај на интензивното насилство „релативно брзо“, пред да продолжи во Јордан на разговори со кралот Абдула Втори.
Египет беше клучен во посредувањето на примирјето што стапи на сила на 21 мај по најлошите борби меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Газа од 2014 година.
Отворени владините канцеларии во Газа, примирјето со Израел се одржува
Блинкен по состанокот со Сиси рече дека и двајцата силно веруваат дека Палестинците и Израелците заслужуваат подеднакво да живеат во безбедност и дека Египет е од витално значење за овие аспирации.
Највисокиот американски дипломат вчера се состана со израелските и палестинските лидери, изразувајќи поддршка од Вашингтон за примирјето.