Здравствени инспектори во Југо, функционери во нови возила на лизинг
По кој критериум се одредува приоритет во набавка на возила во македонските институции е прашањето што се наметна по најавата за нови 45 возила на лизинг. Некои институции не го обновиле јавниот парк речиси две децении, и се уште возат „олдтајмери“ како Застава и Југо Корал 45, постари од 40 години.