Брнабиќ: Вложени 4 милијарди евра во патишта
![Брнабиќ: Вложени 4 милијарди евра во патишта](https://gdb.rferl.org/3913e9a0-3857-428c-82d2-2211a805105d_w800_h450.jpg)
Во Србија се гради сообраќајна инфрастуктура во вредност од речиси 4 милијарди евра, а до крајот на годинава се планира и почетокот на изведба на проекти вредни 2 милијарди евра, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ. Таа посочи дека во изградба се 330 километри автопатишта и брзи сообраќајници.
Таа изјави дека вложувањето во инфраструктура и растот во градежната индустрија го подигнал и економски раст во првиот квартал што ветува дека е можно годинава да заврши со предвидениот раст од 6 проценти.
„Иако секторите туризам и угостителство и сообраќај беа тешко погодени во пандемијата, сепак некои сектори како ИТ, банкарството и одредени стручни услуги покажале дека се навистина отпорни“, изјави таа.