ЕМА ја одобри вакцината на Фајзер за деца од 12 години
Европската агенција за лекови ЕМА денеска препорача употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек за деца од 12 до 15 години, одлука која им овозможува на младите и помалку ризични групи да добијат вакцина против Ковид19.
Досега се дадени 173 милиони дози во 27 земји членки на Европската унија. Европскиот регулатор ги добил сите потребно податоци за да ја одобри вакцината и за помлади, рече Марко Кавалери, раководител на одделот на ЕМА за оценка на вакцините.
Филипче - Останати се уште 10 илјади вакцини за прва доза и околу 230 илјади за ревакцина
Во студијата која опфаќала 2000 адолесценти во Соединетите Американски Држави никој од тие што ја примиле вакцината не се заразил со Ковид19, за разлика од 16 лица во пласебо групата.
“Вакцината беше добро примена, а несаканите ефекти во оваа возрасна група беа многу слични како кај помладите возрасни лица и не се покренаа поголеми грижи“, рече Кавалери.
Одлуката на ЕМА треба да биде одобрена и од Европската комисија и од националните регулатори кои треба одделно во секоја земја да одлучат дали ќе ја даваат вакцината на лица под 16 години.