Во ковид-центрите за 24 часа примени четири пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани четири нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 75 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Според иформациите од МЗ, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 134 пациенти, слободни кревети има.
Владата денеска, на редовната седница, ќе одлучува по препораките на Комисијата за заразни болести, а во однос на тоа дали ќе се намалат рестриктивните мерки, со оглед на намалениот интензитет на пандемијата. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека се зголемува интересот за вакцинација против ковид-19.