Времето денеска сончево со температура до 30 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираше Управата за хидрометеоролошки работи. УВ индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 18 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 26 степени.
Во недела ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.