Шест месеци затвор за поранешниот босански министер за безбедност
![Шест месеци затвор за поранешниот босански министер за безбедност](https://gdb.rferl.org/4a0d76db-b9ec-4912-98f2-bc0aa8a9900e_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpeg)
Судот во Босна и Херцеговина го осуди поранешниот министер за безбедност Садик Ахметовиќ на шест месеци затвор за злоупотреба на должноста.
Судот во Сараево денеска пресуди дека Ахметовиќ ја злоупотребил својата положба и во 2011 и 2012 му обезбедил фиктивна работа на човек, со што го оштетил буџетот.
Аднан Бектиќ, човекот кој нелегално добивал плати и дневници, треба да ѝ и врати на државата 9600 долари.
Ахметовиќ најави дека ќе се жали на пресудата, која, според него, е политички мотивирана.
Босна е една од најкорумпираните држави во Европа, која се надева на членство во ЕУ.