Бројот на хоспитализирани со ковид-19 падна под 200
![Бројот на хоспитализирани со ковид-19 падна под 200](https://gdb.rferl.org/efdf964b-71f6-4098-afcf-4e98bca9bb4d_w800_h450.jpg)
На болничко лекување во ковид-центрите во Македонија има 194 пациенти и има околу 530 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 123 пациенти сомнителни и потврдени за ковид-19, а во главниот град се лекува 71 лице.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти.
Нови три случаи на заразени со ковид-19 и пет починати
Голем дел од пациентите сместени во ковид-центрите во Скопје се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува, се вели во соопштението од МЗ.
Како што информираат, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ Македонија, Министерството за здравство информира дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што, како што информира Министерството за здравство, се ослободуваат дополнителни легла.
За време на пикот на третиот бран на средината на минатиот месец во болниците се лекуваа по над 1700 пациенти, но како се намалува бројката многу клиника што беа претворени во ковид центри се вратија на примарната работа и веќе не примаат ковид пациенти.