Се чека одлуката на УЕФА за дресовите, а од ФФМ не ги откриваат загубите
![Се чека одлуката на УЕФА за дресовите, а од ФФМ не ги откриваат загубите](https://gdb.rferl.org/E4E75316-68D0-4A28-BD8D-53B03A86E4B4_w800_h450.jpg)
УЕФА го има крајниот збор дали македонската фудбалска репрезентација на европско првенство ќе игра во старите црвено жолти дресови, откако новите дресови во бордо боја не беа прифатени од јавноста. Од ФФМ велат дека не може да кажат колкави ќе бидат финансиските загуби додека се чека на одлуката.