Нови 25 случаи на Делта сојот на коронавирус во Грција, вкупно 54
Грчката националната организација за јавно здравје во денешниот седмичен извештај соопшти дека се потврдени 25 нови случаи на Делта сојот на коронавирус. Со тоа на 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција.
Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг.
СЗО предупредува на нов ковид бран во Европа
Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи, потоа е Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет, Гама со два случаи и еден случај на Капа. Најголем дел од случаите, односно 30 се на Крит. Останатите 24 случаи се во различни делови на Грција.