Два случаи на Делта варијанта на коронавирус во Србија
Српското министерството за здравство соопшти дека на две лица во земјата им е дијагностицирана Делта варијантата на коронавирус. Според министерството се работи за две помлади лица кои не биле вакцинирани и неодамна се вратиле од странство.
„Тие се во стабилна состојба“, се наведува во соопштението, без да се наведат повеќе детали.
СЗО предупредува на нов ковид бран во Европа
Околу 2,5 милиони луѓе сега се целосно вакцинирани во Србија, која има 6,9 милиони жители. Досега во Србија се регистрирани 716.562 случаи на Ковид-19 и 7.047 починати лица. Во текот на изминатите две недели, Србија пријави по околу 90 случаи во просек на ден Минатиот месец, Србија ги олесни повеќето мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот.