Коце Трајановски во игра за кандидат за скопски градоначалник
![Коце Трајановски во игра за кандидат за скопски градоначалник](https://gdb.rferl.org/E2729900-EC1C-47F0-BA5E-15077B1C897C_w800_h450.jpg)
Името на некогашниот градоначалник на Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, повторно е во игра за прв човек на главниот град.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека името на Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје. Мицкоски вели дека има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со сегашниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ.
„Но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато“, рече Мицкоски.
Програми, а не црни кампањи
Тој вели дека до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.