Хрватска донираше 10 000 вакцини, најави уште 20 000 дози
![Хрватска донираше 10 000 вакцини, најави уште 20 000 дози](https://gdb.rferl.org/9b6548a0-9f5c-4edb-9517-391c2134fdf8_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на заедничката прес конференција во Скопје со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман рече дека во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнале десет илјади вакцини од производителот „АстраЗенека, а хрватската Влада донела одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат или од „Астра Зенека“ или од производителот „Модерна“ што би било прва количина од оваа вакцина која би стигнала во земјата.
Хрватска донира 310.000 вакцини за земјите од регионот
Министерот Радман се обрати на македонски јазик и истакна дека со денешната донација Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за целиот процес на борбата против коронавирусот да биде што е можно посупешен.
„Сепак, нашиот ангажман не завршува тука. Владата на Релублика Хрватска на вчерашната седница ја донесе одлуката за донирање на дополнителни 20.000 дози вакцини на Северна Македонија, нагласи Радман.
Инаку, хрватската влада на вчерашната седница донесе одлука да донира 310.000 дози вакцини против Ковид-19. На Босна и Херцеговина ќе и бидат донирани 210.000 дози, додека по 20.000 дози на Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Албанија и Киргистан.