Кој ќе ни дојде и каде ќе одиме ова лето
Има интерес за летување во странство, но граѓаните сè уште чекаат да видат под кои услови ќе може да патуваат, велат туристичките работници. Вакцинираните слободно ќе може да летуваат во Грција. За другите ќе биде потребен негативен ПЦР тест. Со кампањи дека Македонија е безбедна дестинација, и посебни попусти за српски гости, земјава се обидува да привлече странски туристи, пред сè од регионот.