Четири нови случаи на коронавирус, нема починати
![Четири нови случаи на коронавирус, нема починати](https://gdb.rferl.org/5c2d923a-db43-48a8-9ee7-ca0547cd5dda_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се регистрирани четири нови случаи на коронавирус, и тоа во Скопје и во Тетово по два. Направени се 2.760 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се шест оздравени пациенти, а нема починати како последица на ковид-19.
Данска ќе и донира 250 илјади дози вакцини на Македонија
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.