Бројот на жртви од авионската несреќа на Филипините се искачи на 29 луѓе
![Бројот на жртви од авионската несреќа на Филипините се искачи на 29 луѓе](https://gdb.rferl.org/7973de4b-0f2a-4b83-a58c-9cb7193689c4_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Бројот на загинати во уривањето на воен авион на југот на Филипините се искачи на 29, а има уште тела што треба да се извлечат, соопшти војската. По 17 луѓе се уште се трага, додека 50 беа спасени и хоспитализирани, соопшти командантот на антитерористичката единица, генерал мајор Вилијам Гонзалес.
Авионот со 92 лица се урна денеска откако ја промаши пистата за време на полетување, објавија тамошните медиуми.
Се урна филипински воен авион, 17 загинати
Најмалку 40 лица војници се спасени по несреќата на островот Џоло, 1000 километри јужно од Манила, информира началникот на генералштабот, генерал Цирилито Собејана.
„Даваме сè од себе да ги спасиме патниците“, рече тој.
На снимките се гледа пламен и чад кој излегува од урнатините на авионот меѓу дрвјата.
Многу патници во авионот неодамна ја завршија основната воена обука и биле испратени на островот во акција за борба против тероризмот во доминантно муслиманскиот регион, објави Франс прес.
Регионалниот воен командант, генерал Корлето Винлуан изјави дека е малку веројатно леталото да се нашло под оган и повикувајќи се на очевидци рече дека се чини дека авионот излетал од пистата.
Војската на југот на Филипините се бори против исламистичката организација Абу Сајаф, која Вашингтон ја смета за терористичка.