Се урна филипински воен авион, 17 загинати
Во пад на воен авион на Филипините загинаа 17 луѓе, соопштија денеска тамошните власти и додадоа дека околу 40 луѓе биле спасени, пренесува Асошиејтед прес.
Авионот со 85 патници, три пилоти и седуммина членови на екипажот се урнал денеска при обид да полета од островот Џоло во провинцијата Сулу, соопшти војската.
Два бомбашки напади на Филипини, 10 загинати
Засега не се познати околности за падот.
Многу патници во авионот неодамна ја завршија основната воена обука и биле испратени на островот во акција за борба против тероризмот во доминантно муслиманскиот регион, објави Франс прес.
Војската на југот на Филипините се бори против исламистичката организација Абу Сајаф, која Вашингтон ја смета за терористичка.