Максути - Кој да газдува го кочи воведувањето на бројот 112
![Максути - Кој да газдува го кочи воведувањето на бројот 112](https://gdb.rferl.org/9bd0f8a6-c3b2-418d-a802-78cc95b458f1_tv_w800_h450.jpg)
Единствениот проблем е во некои надлежности и законски решенија на релација ЦУК и МВР. Во интерес на граѓаните е да се надмине, а не да навлеземе во тоа кој на кого му газдува, вели за РСЕ директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Бројот 112 е дел од Центар за итни повици.