Се трага по 80 исчезнати во лизгање на земјиште во Јапонија
Спасувачките екипи во Јапонија се во потрага по преживеани, при што 80 лица се уште се водат како исчезнати и по два дена откако во лизгање на земјиште во приморскиот град Атами беа уништени куќи и патишта.
Официјалниот број на загинати во градот, кој се наоѓа 90 километри југозападно од Токио, изнесува три лица, според градоначалникот Сакае Саито. Бројот на спасувачи на местото на катастрофата се искачи на 1.500, соопштија официјалните лица.
„Ние сакаме да спасиме што поголем број жртви, закопани во урнатините што е можно поскоро“, изјави премиерот Јошихиде Суга, додавајќи дека полицијата, пожарникарите и припадниците на војската прават се што можат за да помогнат во потрагата.
Дождот предизвика лизгање на земјиштето во Јапонија, 19 луѓе исчезнаа
Градоначалникот Саито рече дека третата потврдена жртва е 82-годишна жена која им подлегнала на повредите во болница. Свлечиштата во саботата наутро беа предизвикани од поројни врнежи од дожд. Во некои области падна повеќе дожд за 24 часа отколку што обично има врнежи во текот на цел јули.
Околу 130 згради беа погодени во Атами, град со 36.000 жители. Поставен на стрмна падина што води кон залив, Атами е популарно одморалиште.