Временска прогноза: претпладне сончево, попладне локални невремиња
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на навреме со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 33 степени.