Во пожар во Бангладеш загинаа 52 лица
Најмалку 52 лица загинаа, а 20 се повредени во пожар кој избил во фабрика за производство на сокови во Бангладеш, соопштија властите. Пожарот започнал доцна во четвртокот на приземјето на шесткатница во фабрика во град југоисточно од Дака и се уште бил активен и денеска додека пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола.
Пламените јазици се издигнале до последните катови на зградата, од каде скокнале многу работници за да избегаат, бидејќи бил затворен клучниот излез од фабриката, изјави службеникот за пожар Абдулах Ал Арефин.
„Три лица загинаа кога скокнаа од зградата за да избегаат од пожарот и 49 јагленисани тела се извлечени“, изјави за Мустаин Билах, администратор за областа, од местото на настанот.
Пожар во камп на Рохинџа бегалците во Бангладеш, 15 мртви и 400 изчезнати
Според него, во зградата се чувале хемикалии и запаливи материјали. Причината за пожарот сè уште не е позната, но полицискиот службеник Абдулах Ал Мамун пред новинарите изјави дека се испратени три полициски екипи да го испитаат инцидентот и ќе бидат преземени правни мерки против одговорните за пожарот.
Десетици катастрофи се случуваат секоја година во Бангладеш поради лошите безбедносни стандарди. Последниот инцидент е најтежок од август 2016 година, кога повеќе од 100 лица се разболеа во јужниот град Читагонг, откако вдишаа гас што протече од фабрика за ѓубрива.