Расте бројот на загинати и исчезнати во поплавите во Германија
Бројот на луѓе кои го загубија животот во големите поплави во западниот дел на Германија се зголеми на најмалку 120, а околу 1.300 лица се водат за исчезнати во областа Ахрвејлер, јужно од Келн, соопшти окружната влада на Фејсбук.
Мобилните телефонски мрежи не функционираат во некои од поплавените региони, што значи дека семејствата и пријателите не беа во можност да ги пронајдат нивните најблиски.
Цели делови се отсечени откако надојдените реки зафатија градови и села во државите Северна Рајна - Вестфалија и Рајнската Област - Пфалц.
Денеска неколку куќи во Ерфштат близу Келн се урнаа, а спасувачките екипи се бореа да им помогнат на жителите кои се вратиле во своите куќи и покрај предупредувањата, соопшти окружната влада во Келн на Фејсбук.
Истекувањето на гас дополнително ги попречува спасувачките екипи кога се обидуваат да стигнат до заглавените луѓе.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за магазинот „Шпигел“ изјави дека федералната влада има за цел да обезбеди финансиска поддршка за погодените региони што е можно побрзо.