Семејното насилство во магичен круг
![Семејното насилство во магичен круг](https://gdb.rferl.org/aa5efd84-0c21-494d-9794-9d2b14179fe9_w800_h450.jpg)
Само два проценти од жените во Македонија кои претрпеле насилство од сегашниот партнер го пријавиле во полиција. Многу често жртвите тешко излегуваат од тој магичен круг на насилство – пријавуваат, го напуштаат насилниот партнер, но потоа се враќаат, па извесно време сè е во ред, па потоа насилството повторно почнува. Недовербата во институциите, но и стравот од сиромаштија се главни причини зошто насилството ретко излегува од дома.