Авганистан воведе полициски час поради Талибанците
![Авганистан воведе полициски час поради Талибанците](https://gdb.rferl.org/a4065ae4-8f89-47ef-8d51-0029d249d5b5_w800_h450.jpg)
Авганистан воведе ноќен полициски час во обид да ја запре воената офанзива на талибанците. Милитантите зазедоа десетици области во земјата, како и клучен граничен премин од владините сили по почетокот на повлекувањето на странските војници на 1 мај.
Полицискиот час се воведува во 31 од 34 провинции во земјата, а ќе трае од 10 навечер до 4 часот наутро. Полициски час нема само во главниот град Кабул, северната провинција Паншир и источната провинција Нангархар.
Талибанците лажат, тврди официјален Кабул
САД, ЕУ и НАТО вчера ги повикаа талибанците да ја запрат воената офанзива и да се вклучат во мировните преговори.
Преговорите почнаа во септември, но досега е направен мал напредок. Има голема недоверба меѓу талибанците и авганистанските владини претставници.