Временска прогноза – Сончево, а попладне краткотраен дожд
![Временска прогноза – Сончево, а попладне краткотраен дожд](https://gdb.rferl.org/1406e596-e6f1-4f5e-aa15-b51395105cf5_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 33 степени.
Невремињата стануваат почести, тешко е да се прогнозира нивниот интензитет
Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен.