Двајца ковид-пациенти умреле откако снемало струја во болница во Аман
![Двајца ковид-пациенти умреле откако снемало струја во болница во Аман](https://gdb.rferl.org/00B24F8C-8FF1-4D2C-A6F5-ACF58987BC3C_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Двајца пациенти, кои во болница во Аман се лекувале од ковид-19, починале откако снемало струја на одделението за интензивна нега, соопшти денеска јорданскиот министер за здравство Фирас ал-Хавари.
Пропаднаа 1000 вакцини во Киргистан, го исклучиле фрижидерот за да си го наполнат мобилниот
Тој рече дека е во тек истрага за да се утврди дали снемувањето струја е причина за смртта на пациентите.
Околу болницата се собраа членови на семејствата на починатите и на други пациенти.
Болничкото обезбедување е распоредено да ги спречи незадоволните граѓани да влезат внатре.