Милчин - Македонија е конфедерација на арамиски гнезда
![Милчин - Македонија е конфедерација на арамиски гнезда](https://gdb.rferl.org/85e968d9-aeba-4dfd-a6c0-6ce1ed90d487_tv_w800_h450.jpg)
Ако режисерот Владимир Милчин режира претстава за сегашната состојба во Македонија, тоа би било гротеска, со одвреме-навреме смеа, но со мачен впечаток на крај. Тој вели дека македонските дела Крпен живот, Печалбари и Арамиско гнездо ја дефинираат состојбата во кој сме доведени. Долгогодишниот граѓански активист во интервју за РСЕ вели дека Македонија не е едно арамиско гнездо, таа е конфедерација на арамиски гнезда. Од неисполнетите ветувања на владата, прво на ум му паѓа - „Нема правда, нема мир“.