Балансерот за дрвосечачи во Малешевијата меѓу егзистенцијалното и етничкото прашање
Бурни реакции во јавноста предизвикаа последните неколку огласи за вработувања по „етнички клуч“. Таков е примерот и за „Национални шуми“ кое вработува 355 вработени - доминантно Албанци и тоа во општини каде оваа етничка заедница според пописот во 2021 година има минорна бројност на жители. Според директорот на „Национални шуми“, Валентин Груевски, може да се случи да има и втор оглас.