Најави за над 20 оставки во контролата за летање
Нови депонирани оставки и можност за генерален штрајк кој ќе го затвори македонското небо, најави претседателот на Синдикатот на контрола на летање Александар Тасевски. Дополнително обвини дека преку МВР му се врши притисок за да се откаже од, како што вели, борбата против клиентелизмот.