Мандатот на Ковачевски - економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција
Премиерот Ковачевски две години гаснеше пожари - економски, енергетски, социјални... Иако вети откочување на евроинтеграциите, земјата само со една нога се приближи кон ЕУ, а од Брисел нотираат сериозна загриженост за корупцијата и политичките притисоци во судството. За време на мандатот не отвори некој стратешки проект, а и покрај сеприсутноста во јавноста, не се прослави со висок рејтинг.