Зибери- Во МВР недостигаат обрасци за пасоши
Граѓани се жалат до Народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи. Омбудсманот Насер Зибер тврди дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи.