Редици за вакцина против голема кашлица
Тројно е зголемен интересот за вакцинирање со вакцината ДиТеПер, вели д-р Сирма Кировска од поликлиниката „Идадија“. Ред се чека и во другите диспанзери - се ставаат пропуштени дози поради препораката невакцинирани деца да не се примаат во градинка. До 8 февруари имаше 22 случаи на голема кашлица.