Правдата е бавна, но и незадоволена
Листата на високи функционери кои завршиле во затвор е куса, покажува епилогот од судските процеси изминатите години. Судења во високопрофилни случаи, забележуваат набљудувачите, траат подолго и од пет години. Дел од предметите, пак, паднаа во вода по измените на Кривичниот законик, а претходно обвинетите почнаа да бараат надоместок за трошоци за нивните адвокати.