Ќе кренат рака на соученикот само за клик плус
Ученик ќе се скара со ученик или ќе крене рака на него и од љубомора, насобран гнев или едноставно ако некој сака да се прави важен. И порано имало случаи на булинг, но за тоа знаеле малкумина, велат за РСЕ наставници кои организираат работилници во училишта против врсничко насилство. Разликата е што сега преку видеата што ги снимаат самите ученици, а кои сведочат за булинг, за тоа дознаваат многу луѓе.