Американски сенатори со нови мерки против Русија
![Американски сенатори со нови мерки против Русија](https://gdb.rferl.org/35176733-2E6E-4FC9-827D-B979FF847214_w800_h450.jpg)
Влијателни американски сенатори воведоа пакет мерки кои имаат за цел да ги одбранат САД од агресијата на Кремљ. Во нив се вклучени финансиски мерки и силна поддршка за НАТО. Предлог-законот е една од неколкуте законски решенија кои ги разгледува Конгресот за да се казни Русија за наводното мешање во американските избори, нејзината агресија во Украина и Сирија и други активности.
Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам изјави дека моменталните санкции не успеале да ја спречат русија да не се меша во претстојните среднорочни избори во 2018 година. Според него, целта е да се смени статус кво ситуацијата во однос на руското мешање.