Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2018

Новости за 23.08.2018

Престрелки во Украина, најмалку четворица војници загинале

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку четворица украински војници загинале, а седум други се повредени во судирите со сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, соопштија денеска украинските власти. Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ова е најголема загуба на војници во последните неколку месеци. Војниците загинале во престрелките кои траеле околу пет часа. Украински официјални лица и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат за тоа кој прв почнал да пука.

Тевдовски - За ниските капитални инвестиции виновни проблеми од минатата власт

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека капиталните инвестиции се ниски, поради наталожените проблеми од минатата власт. Министерот се надева дека проблемите годинава ќе се решат и дека инвестициите ќе се интензивираат. Тој во интервју за телевизија Канал 5 рече дека само капиталните инвестиции се ниски, но дека сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења. „Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 отсто, трговијата е 10... Читать дальше...

Бојаџи: „Ругање со Христос“ е правен со идеја дека секој терор раѓа нов терор

SlobodnaEvropa.mk 

Светската премиера на новиот македонски филм „Ругање со Христос“ од Јани Бојаџи ќе се случи на 30 август на престижниот Филмски фестивал во Монтреал, Канада. Делото е одбрано од околу 5000 апликации и со уште 11 други остварувања ќе биде прикажано во рамките на најголемата и најважна „Светска селекција“, по што ќе патува и на други значајни глобални манифестации.



Вучиќ – Србија е далеку од тоа некој да и го нуди северот на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека официјален Белград е далеку од решение за Косово и дека е далеку од тоа некој на Србија да и го нуди северот на Косово. „Далеку сме од тоа ... Далеку сме од што и да е“, изјави Вучиќ пред новинарите во Зрењанин. Тој рече дека до неодамна Србија не можела да разговара за ниту едно решение, бидејќи Приштина на тоа гледала како на „завршена работа". „Ние ќе добиеме повеќе отколку што имавме вчера, и во правата за нашиот народ и за нашите ресурси. Читать дальше...

Германска поддршка до Заев за успешен референдум

SlobodnaEvropa.mk 

„Македонија и граѓаните се пред историски момент и јас сум убеден дека мнозинството граѓани ќе дадат поддршка за светла иднина на Македонија, во Европската унија и во НАТО. Верувам во граѓаните дека ќе најдат сила да ја обезбедат својата иднина и иднината на младите кои ќе бидат мотивирани да останат да живеат, учат и работат во Македонија, наместо да си ја напуштаат родната земја“, рекол премиерот Зоран Заев на средбата со пратеници од германскиот Бундестаг, претставници нафондацијата Фридрих Еберт... Читать дальше...

Обвинетите не сториле тероризам, тврди одбраната

SlobodnaEvropa.mk 

Одбраната на обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во воведните говори пред Судот го негираа обвинението против нивните клиенти, тврдејќи дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Бранителот на обвинетиот Душко Лазаров, адвокатот Звонко Давидовиќ посочи дека обвинетите се товарат за сторен терористички акт со оневозможување на избор на претседател на Собранието. Тоа, како што кажа, не е точно. Читать дальше...

Харадинај му наложувал на специјалниот обвинител како да води истрага

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му давал упатства на специјалниот обвинител Елез Бљакај, кој си даде оставка, како да ја води истрагата за лажните воени ветереани и барал од него да му поднесе извештај за резултатите од истата, објавиле денеска косовските медиуми, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмото кое го објавуваат медиумите се гледало дека на29 септември минатата година, Харадинај му наложувал на Бљакај истрагата да не трае подолго од 30 дена и потоа обвинителот да го извести премиерот... Читать дальше...



„Бритиш ервејс“ ги укинува директните летови до Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот авиопревозник „Бритиш ервејс“, денеска соопшти дека ќе ги прекине своите директни летови до Иран следниот месец, бидејќи линијата не е комерцијално одржлива. Последниот лет од Лондон до Техеран ќе биде на 22 септември, а враќање следниот ден, изјавија од компанијата. „Бритиш ервејс“ ја обнови линијата до Техеран во септември 2016 година, откако се подобрија врските меѓу западните земји и Иран по потпишувањето на нуклеарен договор. Летовите меѓу Велика Британија и Иран беа прекинати во 2012 година... Читать дальше...

Тимоние - Македонија оди во правилна насока

SlobodnaEvropa.mk 

„Македонија оди во правилна насока и земјата ја има поддршката на Франција во интеграциските процеси, кои отвораат перспектива за економски и севкупен развој“, му порачал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на министерот Роберт Поповски на денешната средба, соопштија од Владата. Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Поповски и францускиот амбасадор Тимоние, разговарале за повеќе актуелни прашања, како финансирањето на претстојниот референдум, измените на Изборниот законик, договорите со соседите... Читать дальше...

Пратениците треба да се изјаснат за кампањата за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери побарал од пратеничките групи во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието. Пратеничките групи треба да се изјаснат и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците. Џафери ги информирал пратениците дека по барање на Собранието... Читать дальше...

Кирил Василев со „фејк уметност“ во Музеј на град Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Шеснаесет дигитални принтови ја чинат изложбата „Мостри на една случајност“ на академскиот вајар Кирил Василев, што од 22 август до 3 септември, се одржува во Музеј на Град Скопје. Поставката бара одговор на прашањето што во едно парче случајни податоци што го користи како образец, според трите правила: умножи, собери, повтори, прави правилни градби кои даваат впечаток на промисла и наликуваат на уметничко дело.

Активистите инсистираат на алтернативна траса за гасоводот низ Водно

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денеска соопшти дека останува на ставот да се најде алтернативна траса за изградба на гасоводот низ Водно и покрај вчерашната објава на Владата дека се направени измени на проектната документација за скратување и стеснување на трасата.  Од иницијативата неведуваат дека и натаму ќе инсистираат да се изработи нова студија за влијание на животна средина, а најавија и дека ќе ја оспорат дозволата за изградба што треба да биде издадена. Активистката Татјана... Читать дальше...

Руската рубља кратко падна на најниско ниво од 2016 година

SlobodnaEvropa.mk 

Вредноста на руската валута денеска накратко падна на најниско ниво во однос на американскиот долар во повеќе од две години, поради загриженоста предизвикана од новите економски санкции од страна на САД. Рано денеска, рубљата падна за околу два отсто, на скоро 69 рубљи за еден долар, но откако Руската централна банка соопшти дека ќе го прекине купувањето на странските валути, беа надоместени дел од загубите со тргување со 68.3 рубљи за еден долар. Централната банка соопшти дека купувањето на... Читать дальше...

Ѕанакопулос: Договорот за името ќе помине со широко мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Ако политичките сили во земјата гласаат врз основа на јасни политички критериуми и идеологии, Договорот ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, вели министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ, пренесува МИА.  „Што се однесува до македонското прашање, доколку се исполнат предусловите од соседната земја, ќе дојде во грчкиот Парламент, ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, доколку политичките сили гласаат... Читать дальше...

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците

SlobodnaEvropa.mk 

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk, досега се пријавени 2.437 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се за гласање во Берн - 256, Љубљана - 213, Лондон - 127, Торонто - 136, Виена - 108, Канбера 99 итн. Пријавувањето трае до вечер на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември... Читать дальше...

Путин се сретна со Лукашенко во Сочи

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко се сретнаа во пристанишниот град Сочи на Црното Море, соопшти Кремљ. Лукашенко му се заблагодари на Путин за поканата и истакна дека „различни проблеми“ се акумулирале во билатералните односи, јавува руската новинска агенција Интерфакс. „Мораме да решиме некои проблеми. Сепак, никој нема да ги реши овие проблеми без нас“, рече Лукашенко. Посетата на Лукашенко во Русија доаѓа по неговите критики кон Москва на 10 август... Читать дальше...

Двајца загинати при судир на два воза во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата во БиХ соопшти дека два товарни воза се судриле во јужниот дел на земјата, при што загинале две лица и едно лице сериозно е повредено. Судирот се случил кратко пред полноќ на 22 август на железничката станица во градот Јабланица, на околу 40 километри од Мостар. Босанските медиуми информираат дека четврто лице избегнало повреди откако скокнал од еден од возовите при судирот. Властите соопштија дека железничката линија меѓу Мостар и Сараево ќе биде затворена додека заврши истрагата за причините за несреќата.

Обложувалниците надвор од населените места?

SlobodnaEvropa.mk 

Се предлага казинате и спортските обложувалници да бидат најмалку 500 метри оддалечени од училишта, градинки и факултети. Тоа значи дека ќе треба да се преселат на периферијата на градот.


Музыкальные новости
Булат Окуджава

Урганта исключили из программы концерта памяти Булата Окуджавы





Rss.plus
Арцах

Полезные приложения для поклонников спортивной ходьбы




Более 60 тысяч домов в Подмосковье газифицируют в этом году

Врио командующего войсками ЮВО назначен генерал-полковник Геннадий Анашкин

Московский военный округ возглавил Сергей Кузовлев

Начался прием заявок на конкурс "Добрый спорт" Шахматы представлены в номинации "Сильный ход"




Силна меѓународната поддршка за успешен референдум

SlobodnaEvropa.mk 

Како се наближува датумот за претстојниот референдум закажан за 30 септември така се зголемува и меѓународната поддршка за гласањето да биде успешно. Но, според упатените, Владата треба да се потруди повеќе со цел навистина да има бенефит од пораките кои ги упатува меѓународната заедница со цел тие да влијаат на излезноста на граѓаните на референдумот.

Ескалира трговскиот спор меѓу САД и Кина

SlobodnaEvropa.mk 

САД и Кина денеска меѓусебно ги зголемија тарифите, во ескалација на трговскиот спор околу кинеската политика за технологија. Зголемувањето на давачките за 25 проценти, кои беше претходно најавено, стапи на сила во услови кога пратеници од двете земји ќе се сретнат во Вашингтон да разговараат на високо ниво за трговскиот спор. Засега нема знаци на напредок кон решавање на жалбите на САД дека кинеските компании крадат технологија и дека плановите за индустриски развој на Пекинг ги прекршуваат обврските на Кина за слободна трговија. Читать дальше...

Продолжува судењето за насилствата во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за настаните во Собранието на 27 април минатата година, откако на вчерашното рочиште воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и дел од обвинетите. Во случајот обвинети се 33 лица, од 31 за „тероризам“, додека две лица за помагање на делото. Предметот го води судијката за организиран криминал Добрила Кацарска, која закажа 37 термини за главната расправа. Од обвинетите, 11 луѓе се во притвор, 13 се во куќен притвор, а за осум има мерки за претпазливост и гаранции.

Харадинај: Тачи нема право да зборува за корекција на границата со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави дека претседателот на Косово Хашим Тачи, во дијалогот со Србија, има овластување да му донесе на Косово целосно признавање на независноста, но не и да разговара за корекција на границата. Според него, ако претседателот Тачи во дијалогот го постави ова прашање тоа нема да биде ни од негово име, ниту од името на парламентарната група на Алијансата за иднина на Косово.

Еко-автобуси во Скопје, на струја или на гас?

SlobodnaEvropa.mk 

Електробусите и автобусите на природен гас се добра мерка за намалување на високата загаденост во Скопје, оценува стручната јавност. Експертите велат дека е потребна сеопфатна анализа која ќе покаже која од двете опции е подобро и поекономично решение

Спасовски: силите кои сакаат референдумот да не успее се минорни

SlobodnaEvropa.mk 

„Во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, иако постојат сили кои гледаат шанса, преку нарушување на безбедноста, да остварат некакви свои цели, да се спротивстават на нашето членство во НАТО и во Европската унија“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА. Притоа тој констатира дека, сепак, тоа се минорни сили кои не можат да придонесат за дестабилизација. Геостратешката положба на Македонија, посочува министерот, носи одредени ризици и предизвици... Читать дальше...



Москва

Konica Minolta Business Solutions Russia и Facemetric предложат заказчикам решения на базе технологий компьютерного зрения


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Московскому метрополитену исполнилось 89 лет



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

Концерт в честь 90-летия Евгения Крылатова пройдёт в Кремлёвском дворце




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


WTA

Виктория Азаренко пробилась в четвертьфинал турнира WTA в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


News Every Day

MTA reveals new electric buses, charging stations in Queens



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России