Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2018

Новости за 19.08.2018

За 24 часа 33 мртви во поплавите во Индија

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници луѓе се отсечени додека индијските спасувачки екипи, со поддршка на хеликоптери и стотина чамци, и натаму се обидуваат да ги спасат во поплавите во јужната индиска држава Керали, во кои од поичетокот на сезоната на монсуните загинале повеќе од 350 луѓе. Во полавите кои се најголеми во изминатите 100 години во таа држава, загинале 357 луѓе, објавија локалните власти, а во последните 24 часа пронајдени се 33 мртви. Метеоролозите најавуваат дека дождовите ќе траат до 23 август. Околу 350.000... Читать дальше...

Северна Кореја дозволи инспекција на нејзините меѓународни летови

SlobodnaEvropa.mk 

Официјален Пјонгјанг дозволи персонал на Меѓународната организација за цивилна авијација (ИЦАО) да раководи со инспекцискиот надзор, за да се осигура безбедност на меѓународните летови, соопшти денеска Агенцијата на Обединети нации, со седиште во Монтреал. ИЦАО планира да испрати персонал следната година со цел да се осигура дека Северна Кореја не лансира ракети. Инспектори на ИЦАО треба да надгледуваат дали се почитува меѓународната регулатива и да се осигура безбедност на меѓународните летови... Читать дальше...

По трагедијата во Џенова, европските држави почнаа инспекции на мостовите

SlobodnaEvropa.mk 

Во извештајот направен на барање на француската Влада се предупредува дека околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, објавија новинските агенции. Француските власти веќе ветија нови инвестиции во инфраструктурата, но Владата, како што пишуваат тамошните медиуми, се нашла под голем притисок по неодамнешното уривање на мост во близина на Џенова, Италија, каде загинаа најмалку 43 лица. Падот на мостот во Џенова, засилени контроли, инспекции... Читать дальше...



Протест против изградбата на гасоводот под мотото „Не низ Водно“

SlobodnaEvropa.mk 

Под мотото „Не низ Водно“, граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ од денешниот протест против изградбата на гасоводот порача дека битката за скопската планина сè уште не е изгубена. „Во јавноста се говори дека битката за Водно е изгубена, дека гасоводната траса мора да оди низ овој дел од парк шумата. Тука сме да порачаме дека таа битка сè уште не е изгубена и да докажеме дека здравјето на граѓаните на Скопје е пред битката за профитот, односно од тој наводен бенефит од гасоводот. Не сме против гасификација... Читать дальше...

Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред, соопшти Министерството за финансии

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за финансии соопшти дека во пакетот од осум мерки и предлог-закони е изготвен и предлог-закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити. „Со него се става лимит на трошоците за подигнување кредити од финансиски друштва, што ќе влијае на намалување на истите. Изготвен е нов Закон за акцизи, кој предвидува повеќе поволности. Се предвидува и акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега таа се плаќаше однапред... Читать дальше...

Шекеринска: АРМ го прослави јубилејот со покана од НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Армијата на Република Македонија ја прослави 26-годишнината како Армија на држава со НАТО покана да стане 30-та земја членка, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на денешната прослава на Денот на македонската армија. „АРМ е тивок дипломат кој помогна во голема мерка во одработувањето на поканата за членство на Македонија во НАТО. Овој јубилеј АРМ го прослави со повисоки плати, со зголемен буџет за одбраната и преземена обврска тој и понатаму да се зголемува, со исправени неправди,... Читать дальше...

Земјотрес од 8,2 степени го погоди Фиџи

SlobodnaEvropa.mk 

Геофизичкиот институт на САД соопти дека силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според рихтеровата скала е регистриран во реонот на Фиџи, објави АП. Според првичните информации по земјотресот биле забележани и помали бранови на цунами, од кое, за сега не се пријавени штети. Се уште нема ниту извештаи ниту за причинета материјална штета од земјотресот, ниту пак за повредени или загинати.

Заврши спасувачката операција, 43 загинати во урнатините на мостот во Џенова

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачката операција за исчезнатите под урнатините на надвозникот Моранди во Џенова, кој се урна во вторникот, заврши, а официјалната бројка на загинати е 43 лица, јави АП. Деветмина повредени се заджани во болница, од кои четворица се во критична состојба, соопштија локалните власти. Спасувачите оценуваат дека нема повеќе загинати лица, но имаат задача да го обезбедат местото на несреќата и да помогнат да се установат причините за трагедијата.



Царовска: Двојно зголемен буџетот за мерките за вработување

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на денешната прес-конференција реферираше дека „успешно се спроведуваат Оперативниот план за вработување 2018 и пилот-програмата Гаранција за млади“. Според министерката, за мерките за вработување од Оперативниот план годинава има највисок буџет, односно 987 милиони денари, што е двојно повеќе од 2016 година кога изнесувал 435 милиони денари. Висок процент на оствареност има во мерките обука за занаети, новата мерка за обука за персонални асистенти... Читать дальше...

Нов предлог-закон - Казината и обложувалниците што подалеку од училиштата и градинките

SlobodnaEvropa.mk 

Казината и обложувалниците каде што се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и слични установи, предвидува новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, кој влезе во собраниска процедура. „Оддалеченоста на просторијата до објектот каде се одржуваат игри на среќа се утврдува од границата на градежната парцела на која е... Читать дальше...

Рајан: Американските сили остануваат во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Полковникот Шон Рајан, портпаролот на меѓународната коалиција предводена од САД, соопшти дека американските сили ќе останат во Ирак се додека е потребно, за да се стабилизираат регионите кои претходно беа под контрола на терористичката Исламска држава, јавија светските новински агенции. „Ќе ги задржиме трупите таму се додека сметаме дека е потребно“, рече  Рајан, појаснувајќи дека главната причина за останување на американската војска во Ирак се напорите да се стабилизираат делови на земјата, по воениот пораз на ИД.

Продолжени роковите за повластено ДДВ за станови и за приватизација на државно земјиште

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за финансии соопшти дека изготвило или ставило во примена осум закони кои, како што велат, нудат директни поволности за граѓаните и фирмите. Дел од сетот мерки е граѓаните повторно да можат да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште, како и повластената стапката на ДДВ за станови. „Со истекување на рокот на 15 декември 2014, граѓаните ја немаа можноста да поднесуваат барања за приватизација на државно земјиште. Сега тие повторно го имаат ова право и тоа во следните три години. Читать дальше...

ДУИ ја повика дијаспората да излезе на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Дијаспората да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија, повика ДУИ преку партиско соопштение. „Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август“, соопштија од ДУИ, од каде додаваат дека сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора... Читать дальше...

Ердоган: Ќе бидеме силни и покрај економскиот удар

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе остане силна и покрај обидот за економски удар во ек на тензии меѓу Анкара и Вашингтон, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред своите следбеници во Анкара, објави АП. „Турција се соочува со економски закани, санкции, девизни средства, каматни стапки и инфлација. Ќе им кажеме дека ја пробивме нивната игра и дека ќе се спротивставиме“, рекол Ердоган, додавајќи дека „никој нема да успее да спречи јакнење и развој на Турција, ниту остварување на сите цели кои Турција ги зацртала“. Читать дальше...

Нов силен земјотрес на индонезискиот остров Ломбок

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот геолошки институт соопшти дека индонезискиот остров Ломбок пак бил погоден од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала, што е уште еден во низата земјотреси во кои изминатите две недели загинаа над 400 луѓе, објави Ројтерс. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од најмалку 7,9 километри. Се уште нема официјални податоци за евентуални жртви и причинета материјална штета. За две недели Ломбок го погодија низа силни замјотреси во кои животот го изгубија стотици луѓе... Читать дальше...

Песков: Путин и Меркел имаа многу сериозна средба

SlobodnaEvropa.mk 

Беше тоа долг, многу сериозен и детален разговор, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, по средба на германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин, објави АП. Путин и Меркел имаа тричасовна средба во палатата Мезеберг, каде Путин ѝ рекол на Меркел дека е подготвен да го продолжи дијалогот со германските компании, дека и двајцата се задоволни од обемот на трговската размена меѓу двете земји кој е во пораст. „Тие детално разговараа и за сириското прашање. Путин... Читать дальше...

Времето денеска - Сончево, со можно попладневно наоблачување

SlobodnaEvropa.mk 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне особено во западните и југозападните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервалот од 11 до 20, а максималната дневна од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде 17, а дневната ќе достигне 34 степени Целзиусови.

Тодоров - Заедничка историја не значи – „един народ, две држави“

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија и Македонија имаа заедничка историја и тоа е историјата која припаѓа на историјата на османлиската империја. Но имаат и преплетена историја. Денеска нема историја што не е преплетена историја, вели Петар Тодоров, историчар од Институтот за национална историја и член на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Фёдор Шаляпин

Наследие Шаляпина и Рахманинова представили на выставке-форуме «Россия»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Молитесь, друзья»: сын олимпийского чемпиона Ивана Стретовича погиб во время родов в Новосибирске

Цена билетов на суперфинал Кубка России составит от 500 до 15 тыс. рублей

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»


WTA

Рахимова прошла во второй круг турнира WTA в Рабате на отказе Таунсенд



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Game News

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России