Времето денеска: претежно облачно
![Времето денеска: претежно облачно](https://gdb.rferl.org/0188E488-4926-4ACB-AC13-747B292906BC_cx54_cy20_cw20_w800_h450.jpg)
Во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно на места со пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и постепено времето ќе се стабилизира. Дневната температура ќе се движи од 23 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степена.