Русија издава работни дозволи за Севернокорејци, објави „Волстрит журнал“
![Русија издава работни дозволи за Севернокорејци, објави „Волстрит журнал“](https://gdb.rferl.org/17EC1582-D3DD-4761-A335-559AF0CE7904_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Повеќе илјади работници од Северна Кореја биле пуштени во Русија и со дозвола од Москва добиле работни дозволи, што претставува потенцијално кршење на санкциите од ОН, објави „Волстрит журнал“.
Цитирајќи податоци од руското МНР, „Волстрит журнал“ објави и дека над10.000 севернокорејски работници се регистрирани во Русија од септември минатата година, а од почетокот на оваа година се издадени 700 нови лиценци.
Со ова, коментира весникот, Русија потенцијално ги прекрши санкциите на ОН воведени за намалување на приливот на пари во Северна Кореја за да се притисне Пјонгјанг да се откаже од своето нуклеарно оружје.
Според извештаите, официјални претставници на ОН истражуваат дали имало кршење на санкциите.