Бартол: Се надевам в година Македонија да влезе во НАТО
![Бартол: Се надевам в година Македонија да влезе во НАТО](https://gdb.rferl.org/B4C6CE39-6628-49BC-97D0-488AB3844F00_w800_h450.jpg)
Горазд Бартол, шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје се надева дека следната година, кога Алијансата ќе одбележи 70 години од основањето, во седиштето на НАТО во Брисел ќе се вее и македонското знаме.
Морнаричкиот капетан Бартол, во интервју за МИА, појаснува дека Македонија на Самитот во Брисел добила покана за членство и ги почнала, како што вели, пристапните разговори, а не преговори.
„Сите ние не треба да заборавиме дека само пред нешто од повеќе од една година, земјава беше на работ на голема внатрешна нестабилност. На последниот Самит на НАТО во Брисел, шефовите на држави и влади ја поканија вашата земја да почне пристапни разговори. Штом ги завршите сите национални процедури и откако сите НАТО сојузници ќе го заокружат процесот за ратификација, вашата земја ќе стане 30-тата членка на НАТО“, вели Бартол.