Помпео и Чавушоглу ги смируваат тензиите меѓу САД и Турција
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу се сретнаа за да ги намалат тензиите меѓу двете земји, објави АП.
„Помпео и Чавушоглу, денеска во Сингапур, се договорија да продолжат да се обидуваат да ги решат спорните прашања меѓу двете земји“, соопшти Стејт департментот.
САД воведоа санкции против министрите за правда и за внатрешни работи на Турција Абдулхамит Ѓул и Сулејман Сојлу поради случајот со американскиот пастор Ендрју Бренсон кого турските власти го обвинија за поддршка на тероризам. Турција истакна дека санкциите се неприфатливи.
Помпео и Чавушоглу разговараа во Сингапур во рамките на средбата на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Тие дискутираа за повеќе прашања и разговорот бил конструктивен информира портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт.