Идентификувани неколкумина од учесниците во инцидентите во Крушево
![Идентификувани неколкумина од учесниците во инцидентите во Крушево](https://gdb.rferl.org/E75E7A36-5DDC-44A1-9F81-24D78EEF8C06_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Идентификувани се неколкумина од лицата, кои вчера ширеа говор на омраза и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати, кои учествуваа на празнувањето на Илинден во Крушево, потврдија за МИА извори од истрагата.
Полицијата преку видеоснимки идентификувала неколкумина од учесниците во инцидентите и тие изутринава се повикани во полициски станици на разговор.
Изворите од истрагата за МИА нагласуваат дека откако таа ќе заврши сите сознанија ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.