Вучиќ итно го свика Советот за безбедност поради Косово
Поради состојбата во северно Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ за утре претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, јави српскиот јавен сервис РТС.
Според телевизијата, на седницата ќе се разговара за тоа „како да се заштитат српските интереси и народ во Косово, а ќе се разгледува и актуелната безбедносна ситуација“.
Српските медиуми информираат дека поради информациите според кои, „во следните 48 часа може да се случи дестабилизација на безбедносната ситуација во северниот дел на Косово, КФОР вчера во раните утрински часови префрлил дел од опремата и техника од својата база во селото Маѓунско во општина Вучитрн во северно Косово“.
Утре истекнува крајниот рок за формирањето на Заедницата на српски општини во Косово.